Банките најавуваат зголемена кредитна активност

Bez autora
Dec 19 2013

До крајот на годинава и во 2014 ќе се зголемат кредитните активности на банките. Охрабрувачки се податоците од статистика дека и третиот квартал е со добар пораст, значи дека и банкарскиот сектор ќе заживее зашто ликвидноста и понатаму е голема, има многу пари, кои треба некаде да се пласираат. Ова го изјави Ѓорѓи Јанчоски, кој вчера беше реизбран на функцијата претседател на Здружението за банкарство при Стопанската комора на Македонија, која ќе ја извршува и во наредните четири години. Сега, нагласи тој, нема навестувања за окрупнување на банкарскиот сектор, за евентуално спојување на некои банки, што според економската логика, би требало да се случи. Економската логика оди на тоа дека помалите банки не ќе можат долго да издржат со ова темпо во услови кога маржите на банкарскиот сектор се намалуваат. Секоја, и помала банка треба да има одредени функционалности. Во битката со поголемите банки тие не би можеле долго да издржат, па логично е да има окрупнување. Но, дали тоа ќе се случи, нема навестување, истакна Јанчоски.

Банките најавуваат зголемена кредитна активностДо крајот на годинава и во 2014 ќе се зголемат кредитните активности на банките.

Охрабрувачки се податоците од статистика дека и третиот квартал е со добар пораст, значи дека и банкарскиот сектор ќе заживее зашто ликвидноста и понатаму е голема, има многу пари, кои треба некаде да се пласираат. Ова го изјави Ѓорѓи Јанчоски, кој вчера беше реизбран на функцијата претседател на Здружението за банкарство при Стопанската комора на Македонија, која ќе ја извршува и во наредните четири години.

Сега, нагласи тој, нема навестувања за окрупнување на банкарскиот сектор, за евентуално спојување на некои банки, што според економската логика, би требало да се случи.

- Економската логика оди на тоа дека помалите банки не ќе можат долго да издржат со ова темпо во услови кога маржите на банкарскиот сектор се намалуваат. Секоја, и помала банка треба да има одредени функционалности. Во битката со поголемите банки тие не би можеле долго да издржат, па логично е да има окрупнување. Но, дали тоа ќе се случи, нема навестување - истакна Јанчоски.

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со апелот на вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески големите банки да ја сменат политиката зашто малите и средните повеќе го финансираат стопанството, Јанчоски со став дека банките не запреле со кредитирање, продолжуваат со тие активности.

- Минатата година во услови кога немаше раст, не можевме да го зголемиме кредитирањето - истакна Јанчоски.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik